РЕВИЗИЈА

Без разлика дали имате потреба од законска или доброволна ревизија, тоа е неопходна процедура за заштита и просперитет на Вашиот бизнис. Ние вршиме независна, ефиксна, детална и ефективна ревизија на финансиски извештаи, елиминирајќи го ризикот од неусогласеност со законските прописи. Нашата ревизија не е само дополнителен трошок за Вашата компанија, ние ја користиме како алатка за да ги идентификуваме спорните прашања, да најдеме логични одговори на потенцијалните проблеми со реални и практични решенија. Нашата ревизија е процес кој обезбедува идеална можност да се идентификуваат области кои можат да доведат до подобрување на ефикасноста и профитабилноста. Развојот на Вашиот бизнис е наш приоритет. Вашиот успех е и Наш успех.

Ревизија Стојчевски нуди широк спектар на ревизорски и други услуги за уверување:

  • Ревизија на финансиски извештаи на мали, средни и големи компании
  • Ревизија на консолидирани финансиски извештаи
  • Ревизија на планови за спојување и поделба на друштва
  • Ревизија на проекти финансирани од Европска Унија

Вршењето ревизија е многу повеќе од обична формалност, наша цел е зголемување на вредноста на Вашата компанија и минимизирање на бизнис ризикот со кој се сретнувате во секојневното деловно работење. Нашите клиенти добиваат посветен партнер, овластен ревизор, кој заедно со нашиот амбициозен и стручен тим се стремат кон разбирање на Вашиот бизнис за да ги задоволат Вашите деловни долгорочни цели и аспирации. 

Дали имате законска обврска за ревизија на финансиските извештаи?

Ревизијата во Македонија е регулирана со Законот за трговски друштва (ЗТД) кој стапи во сила на 08.05.2004 година и со Законот за ревизија кој стапи на сила на 18.12.2010 година. Согласно чл.478 на ревизија се подложни:

  1. Средните и големите акционерски друштва
  2. Средни и големи трговци организирани како друштва со ограничена одговорност*
  3. Друштвата чии хартии од вредност котираат на берза.
  4. Банките, друштвата за осигурување и другите финансиски институции, кои по природата на својата работа се класифицираат како големи трговци.

*) средни трговци се трговци кои во последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволилнајмалку два од можните три следни критериуми, и тоа:
- просечен број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250 работници;
- годишниот приход да е поголем од 2.000.000 Евра и помал од 10.000.000 Евра во денарска противвредност или
- просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е поголема од 2.000.000 Евра и помала од 11.000.000 Евра во денарска противвредност
*) големи трговци се сите кои не се распоредени како микро, мали или средни, односно со критериуми над оние за средни трговци.
Ревизијата на финансиските извештаи на друштвата мора да биде извршена најдоцна еден месец пред одржување на собирот на содружници, односно на собранието на акционери.
Сите трговци (друштва) кои имаат обврска за ревизија се должни согласно ЗТД, најдоцна 30 дена од денот на одобрување на финансиските извештаи, но не подоцна од 30 јуни, истите заедно со Извештајот на независниот ревизор да ги достават до Централниот регистар на РМ. 

За подетални информации во врска со законот за ревизија, кликнете на линкот подолу: