ЗА НАС

Ревизија СТОЈЧЕВСКИ е компанија со долгогодишно искуство во ревизија, сметководство и финансии, формирана во согласност со Законот за Ревизија на Република Македонија.

Основната дејност на компанијата е:

  • Ревизија на финансиски извештаи на мали, средни и големи компании
  • Ревизија на консолидирани финансиски извештаи
  • Ревизија на планови за спојување и поделба на друштва
  • Ревизија на проекти финансирани од Европска Унија

Покрај основната дејност, Ревизија СТОЈЧЕВСКИ, исто така врши и посебни договорни ревизорски услуги, ангажмани за разумно уверување во постапка на зделка со заинтересирани страни, судски вештачења од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење, проценки, финансиско и даночно советување, сметководствени услуги, финансиски длабински анализи, организација и воведување на интерна ревизија, и изработка на бизнис планови.

Наша цел е помагање на Вашиот бизнис да го достигне својот вистински потенцијал преку нашата експертиза.

КВАЛИТЕТ. ИНТЕГРИТЕТ. ЗНАЕЊЕ.