СМЕТКОВОДСТВО

Нашата стручност и долгогодишно искуство во сметководство и управување со даноци се Ваша гаранција за исполнување на законските обврски и одговорности. Дозволете ни да бидеме Вашиот надворешен сметководствен и финансиски тим кој ќе се стреми кон намалување на Вашите трошоци и оптимализација на даноците во согласност со сите законски барања и прописи.

Ние ги нудиме следните услуги од областа на сметководството и управување со даноци:

Книговодствени услуги

  • Евидентирање на сите финансиски трансакции и пресметки
  • Прибирање на целокупната документација на месечно ниво
  • Прибирање и обработка на финансиската документација потребна за пакетот на извештаи
  • Контрола на исправноста на добиената документација
  • Книжење според дневно извршените трансакции во согласност со сметководствените принципи МСС/МСФИ
  • Усогласување на месечните, квартални и годишни биланси со соодветната документација, вклучувајќи ги изводите од банката, меѓукомпаниските извештаи и сите останати релевантни извештаи
  • Ажурирање и водење регистар на основни средства, со задолжително месечно усогласување на главната книга и регистарот
  • Усогласеност на документацијата и книжењата со МСС/МСФИ и локалната законска регулатива и прописи.

Услуги на усогласување со законската регулатива

  • Усогласеност со локалната регулатива на сите статутарни извештаи како и доставување на истите во рамките на законски предвидените рокови
  • Советување на клиентите и доколку е потребно обезбедување на мислење од надлежната институција
  • Обезбедување на услови со цел ревизијата да се извршува во согласност со потребите на клиентот и зададените рокови и локалното законодавство
  • Давање неопходна поддршка и асистирање во процесот на ревизија
  • Консалтинг од доменот на финансии и сметководство, како и девизно работење


Усогласеност со даночните прописи

  • Подготовка и поднесување на сите даночни пријави и поврзани со нив пресметки предвидени со Законот за данок на добивка, Закон за данок на додадена вредност, Закон за персонален данок на доход, Закон за данок на имот и останати релевантни прописи од оваа област.
    За подетални информации за даночната регулатива во Република Македонија, посетете ја веб-страницата за Даночна регулатива на Управата за Јавни Приходи.