ПОДГОТОВКА НА ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ

Согласно член 12-а став 1 од Законот за данокот на добивка, даночните обврзници кои имаат трансакции со поврзани страни - нерезиденти и кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ од 300.000.000 денари се должни да изготват Извештај за трансферни цени и истиот да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 30-ти Септември во тековната година за претходната година.

Исклучок од обврската за изготвување на Извештај за трансферни цени имаат даночните обврзници кои имаат трансакции помеѓу поврзани лица резиденти на Република Северна Македонија и даночните обврзници кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари.

Доколку обврзниците кои имаат обврска да изготват и достават Извештај за трансферни цени оствариле трансакции со поврзани лица кои во тековната година не надминуваат 10.000.000 денари, се должни да поднесат извештај во скратена форма.

Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации за подготовка на извештај за трансферни цени, како и за нашите останати услуги.